ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Седат Пекер тврди дека бил на гости кај македонскиот премиер

Кој ја мами јавноста? Турскиот бизнисмен баран од Интерпол, Седат Пекер, објави видео во кое тврди дека се сретнал со премиерот Зоран Заев. Од кабинетот на премиерот, пак демантираат. Турскиот бизнисмен Пекер за кого ВМРО ДПМНЕ објави дека добил македонски пасош под идентитет Џадин Адемовски, во видеото открива дека се знае со сите партиски лидери. Пекер го коментира и неговото протерување од земјава, а причината за тоа ја гледа во истечената дозвола за престој.

„Јас, Седат Пекер, го познавам македонскиот премиер, сум бил дома кај него. Ги познавам сите лидери на партиите“, вели Пекер.

Алсат уште пред еден месец праша во Владата, дали Заев имал средба со Пекер. Како и тогаш, така и денеска тие негираат дека имало средба меѓу Заев и Пекер. Но, денеска не ни одговорија на прашањето дали Владата е информирана за средба меѓу Заев и Пекер во домот на премиерот. Само повторија дека Заев, како премиер, официјално не се сретнал со него.

„Претседателот на Владата немал средба со лицето за кое прашувате“, велат од Владата.

Името Седат Пекер одекна во јавноста заедно со афетата со фалсификувани пасоши. Против Пекер, кој во Труција се води како лидер на криминална група, има кривични постапки. Во негов дом во Истанбул пред еден месец полицијата вршеше претрес, а него не го најде бидејќи избегал. И додека Интерпол трага по Пекер поради поврзаност со меѓународни криминали, кај нас утре продолжува судењето за припадниците на пасошкиот оддел при МВР кои ги издале 214 фалсификувани пасоши. Поголем дел од групата веќе призна вина за издавање лажни пасоши на криминалци од регионот. Поради признанијата, обвинетите ќе лежат неколку години, односно под три, во затвор.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button