
Економско-социјалниот совет, како што најави деновиве министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска по средбата со Организацијата на работодавачи на Македонија, на денешната седница на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог треба да го отвори прашањето за промена на критериумите за минималната плата. Синдикатот бара зголемување на минималната плата на 18.000 денари веднаш и спирално зголемување на сите останати плати, а доколку не биде исполнето ова нивно барање, најавуваат штрајк, но не се исклучени и други форми на изразување незадоволство како протести и блокирање улици. Од Владата велат дека минималната плата ќе расте, но сметаат дека системското решение треба да се најде низ дијалог со сите социјални партнери.