Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС денеска на седница ќе дискутира за буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година, како и за актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во нашата земја.
– Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во обраќање пред делегатите ќе ги изнесе идните заложби за лобирање на ЗЕЛС пред централната власт за обезбедување законски одредби што ќе овозможат успешно спроведување на префрлените надлежности, но и продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта во земјава, најави прес-службата на ЗЕЛС.
Како што информираат, меѓу приоритетните заложби се: изработка на нови методологии за распределба на средствата од блок дотациите; решавање на предизвиците со финансирањето на единиците на противпожарната заштита; итна имплементација на новата предлог-формула за распределба на средства за основно образование.
Ќе се дискутира за продлабочување на децентрализацијата во областа на социјалната заштита, но само доколку се обезбедат и соодветни средства за нивно квалитетно спроведување, што е во согласност и со Европската повелба за локална самоуправа.