ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството

Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница  закажана за 13:30 часот треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија за МИА од службата за информирање во М-НАВ.

Advertisements

Со седницата за промените во раководството, Надзорниот одбор ќе постапи по насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата на почетокот на месецов.

По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.

Претседател на Надзорниот одбор во М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button