ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Седница на Советот на ЈО за давање мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска (27 декември) ќе ја одржи 94-тата седница, на чиј дневен ред е давање мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.
На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени се тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.
Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.