Седница на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 11 часот закажа седница на Советот за безбедност на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. На седницата, како што е најавено од неговиот кабинет, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието, Димитар Ковачевски, претседател на Владата, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.