ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Седница на Централниот одбор на СДСМ

Денеска ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ на која партијата треба да го потврди претседателот Димитар Ковачевски како нов мандатар за новата Влада. Освен тоа се очекува Ковачевски да го предложи и новото партиско раководство. Бројни се неофицијалните информации за тоа кои личности ќе влезат во новото раководство и кои ќе бидат новите министри од СДСМ во новата Влада. Од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски информираат дека в среда се очекува Пендаровски да му го додели мандатот на Ковачевски, по што почнува да тече рокот од 20 дена за составот кабинетот на новиот премиер.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button