ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Седница на Владата за ситуацијата во Украина

Информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ во однос  на ситуацијата во Украина, со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид рестриктивни мерки, е на дневен ред на денешната, редовна 17-та седница на Владата. Како што соопшти владината прес-служба, министрите денеска ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивната евакуација од Украина.Почетокот на седницата е во 11 часот.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button