МАКЕДОНИЈА
Седницата за поведението на Џафери заврши уште пред да почне

Без почеток заврши седницата за дисциплинската постапка против претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Опозицијата беше надгласана од власта која гласаше против дневниот ред, дознава Алсат.
4 беа „за“, а 5 беа „против“ дневниот ред со единствена точка. Иницијативата беше на група пратеници од ВМРО за снимката на која се слуша како Џафери ги навредува службите на Собранието.