ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Седум активни пожари – уште гори во Чучер Сандево, Македонски Брод и кај Николиќ во Дојран

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до утрово во 7:30 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 38 пожари, од кои седум се активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати.
Според извештајот на ЦУК, сè уште гори на следните локации:
- Чучер Сандево, меѓу селата Блаце и Горњани,
- Прилеп, кај селото Бешиште,
- Македонски Брод, меѓу селата Црешнево и Локвица,
- Македонски Брод, кај селото Крапа,
- Дојран, кај селото Николиќ,
- Чашка, кај Солунска Глава,
- Тетово, кај бензинската пумпа „Окта петрол“,
Под контрола се ставени четири пожари и тоа во Македонски брод на три локации и во Делчево на градската депонија Острец.
Изгаснати се пожарите во Шуто Оризари во селото Визбегово, во Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Студеничани, Струмица, Василево, Велес, Кавадарци, Карбинци на три локации, Делчево на две локации, Кочани на две локации, Куманово, Крива Паланка на три локации, Желино, Тетово на две локации, Гостивар, Прилеп, Долнени.