МАКЕДОНИЈА

Седум пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во странство

Министерството за здравство информира дека денеска се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.

Advertisements

Како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат седум пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски”, еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина”.

Министерството за здравство, се додава во соопштението, континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button