Седуммесечното дете кое почина, Таравари вели дека забелешката не е поради тоа што не е хоспитализирано, туку поради контролата на детето од страна на специјализант наместо од специјалист
Седуммесечното дете кое почина, Таравари вели дека забелешката не е поради тоа што не е хоспитализирано, туку поради контролата на детето од страна на специјализант наместо од специјалист

Седуммесечното дете кое почина пред неколку дена, за кое Здравствениот инспекторат изврши вонредна контрола и констатираше отстапки, министерот за здравство Арбен Таравари вели дека забелешката не е поради тоа што не е хоспитализирано, туку поради контролата на детето од страна на специјализант наместо од специјалист.
„Во извештајот, ако воопшто го читате, нема забелешки за тоа што е пратено на домашно лекување, но има забелешки зошто специјализантот прв го прегледал детето, иако истиот ден подоцна, можеби се добиени мислења од инфотологија и дерматоневрологија, повторно го прегледал специјалист“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Но, во извештајот се вели дека доколку пациентот не е хоспитализиран, установата е должна да даде писмено образложение за причините за одбивање на прием во болничко лекување. Соодветно на тоа, во извештајот се наведува дека Здравствениот инспекторат ќе издаде решение со наредба да се почитува членот 226 од Законот за здравствена заштита, кој предвидува хоспитализација на итни случаи, во спротивно да се дадат писмени објаснувања зошто такво нешто не се прави.
Таравари зборуваше и за барањето на дел од персоналот на клиниката Козле за разрешување на директорката.
„Имаше писмо што дојде од вработените во болницата во Козле, има некое незадоволство, ги разгледуваме сите факти, морав да се сретнам со директорката, едната страна испрати писмо, се сретнав со нив, морам да се сретнам и со директорката, реков дека повеќе директори се во проценување, така што не ни требаат емоции, туку треба да одлучиме на прагматична основа, каде што директорите не функционираат како што треба, меѓутоа некои директори може да се сменат“, додаде тој.
Министерот за здравство рече дека не само директорот на Козле и директорот на Детската клиника, туку за дел од нив се прави проценка за да се види како ги воделе клиниките, а по потреба ќе бидат разрешени и оние кои не работеле како што треба./Алсат.мк
Линда Ебиби