Сега е и официјално, Погба се врати во Јувентус

„Иако нашите патишта се разделија, ние никогаш не го заборавивме, а ниту тој не заборави нас. Пол се врати во Торино. Замина како момче, а се врати како маж и шампион, но една работа не се промени – желбата заедно да испишеме нови незаборавни страници од клупската историја. Погба е повторно тука, не би можеле да бидеме посреќни“. Ова е дел од пораката со која Јувентус го потврди враќањето на Пол Погба.
Потврда за неговото доаѓање пристигна и на клупскиот Твитер, каде Погба ги прашува навивачите на клубот: „Дали сте подготвени?“, а потоа со насмевка ја додава реченицата со која Мајкл Џордан го најави своето враќање во Чикаго Булс откако отиде во кратко пензионирање: „Се вратив“.
Со ова Погба по втор пат во кариерата станува играч на Јувентус. Двата пати дојде во тој клуб како слободен играч од Манчестер Јунајтед. Тој се договори со Јуве за уште едно бесплатно доаѓање од Олд Трафорд, десет години откако го направи тоа за прв пат и шест години откако Јувентус го продаде на Јунајтед за тогаш рекордни 105 милиони евра.
Се очекува Погба да заработува околу 8 милиони фунти годишно, што е речиси половина од платата што ја заработуваше во Манчестер Јунајтед. Тој треба да остане во Јувентус до летото 2026 година.
𝗜𝗧’𝗦 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟! @paulpogba is 🔙 in ⚪️⚫️🤩#POGBACK
— JuventusFC (@juventusfcen) July 11, 2022
Извор: Спортклуб