ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сегашната плата не ги покрива ниту основните трошоци, велат наставниците

Штрајкот во градинките и образованието продолжува да биде активен. Револтот на наставниците секојдневно расте поради непочитувањето на нивните барања за зголемување на платите за 18,4%. Артан Реџепи е од Кичево, но принуден да оди во Скопје да работи како наставник во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“. Тој за Алсат вели дека ниту најосновните животни потреби не можат да се покријат со сегашната плата на наставникот.

Advertisements

„Наставникот едвај врзува месец со месец, буквално знае неговата душа затоа што се соочува со статосферски цени, цени кои немаат ограничување за тоа колку можат да пораснат преку ноќ. Имаме колеги кои се само тие вработени, имаат семејства, имаат деца, имаат родители, имаат домови, имаат трошоци, имаат даноци, како излегуваат на крај, преплавени се со кредити и не знаат каде им е главата. 18,4% за кои се бори наставникот е сепак смешно покачување покрај трошоците и зголемувањата што се направени кај нас“, вели Реџепи.

Покрај покачувањето на платите, Реџепи инсистира да се применува Колективниот договор регулиран од 2010 година, но тој досега никогаш не е спроведен во основните и средните училишта.

„Сета борба што сега се прави е еднаш засекогаш да направиме Колективниот договор да почне да се спроведува и секој наставник да ја добие заслужената плата. Не бараме службени коли, не бараме картички за нафта , картички за храна, не бараме да ни платат патни трошоци… бараме да го добиеме она што ни следува со закон, она што е предвидено со законот од пред неколку години , зошто да не ни го дадат тоа што го сакаме. Ова е потсмев, навреда. Ова е многу малку што го правиме“, додава Реџепи.

Според Реџепи, во случај на спроведување на Колективниот договор, наставниците би земале плати над 40 илјади денари. Владата, пред неколку дена, донесе одлука за зголемување на платите во образованието и градинките за 10 отсто и го повика СОНК да ја прифати оваа понуда и да овозможи реализација на наставниот процес. Но, оваа одлука на Владата повторно беше отфрлена од СОНК, од каде најавија дека штрајкот ќе продолжи се до исполнување на нивните барања.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button