ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Секој десетти човек во Македонија страда од некаква бубрежна болест

Секој десетти човек во Македонија или околу 200.000 лица страдаат од некаква бубрежна болест, велат од здружението „Нефрон“. Од нив 1.600 се веќе во петтиот стадиум на болеста, па мора да одат на дијализа во некој од 23-те центри во земјава. За бубрежно болните надеж и приоритет останува трансплантацијата.

Advertisements

Директорката на Клиниката за нефрологија вели дека нема доволно кампањи за бубрежните заболувања, иако сериозноста на овие болести се докажала за време на пандемијата.

Од Клиниката за нефрологија препорачува континуирани прегледи на бубрезите, ако не повеќе, барем еднаш на шест месеци. Според Здружението Нефрон, во светот има над 850 милиони лица кои страдаат од некаква бубрежна болест.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button