Секој хотел и ресторан во Охрид бара готвачи и собарки

Првите 180 холандски туристи, денес пристигнаа во Охрид. До почетокот на октомври, само преку еден тур оператор, од Холандија и Велика Британија ќе престојуваат повеќе од 18.000 гости. Но, кога бројот на туристи почнува да се зголемува, угостителските објекти во Охрид се соочуваат недостиг на кадар зашто голем број млади заминаа на работа на хрватското приморје.
Според податоците на МВР на Хрватска, повеќе од 4000 македонски граѓани се пријавиле за работа, што е за 60 посто повеќе од лани.
„Стравуваме дека може да се одрази на квалитетот, меѓутоа со тие сили што ги имаме ќе се трудиме да го дадиме максимумот. Сместувањето-акомодацијата мислам дека ни е најслабата карика во ланецот. Јас секогаш велам во Македонија немој да барате хотел со пет звезди, но ќе добиете активности со пет звезди“, рече Васко Коциров, тур-опертор.
Недостатокот на кадар ќе се надополнува со средношколци и пензионери. Но, за директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, Љупчо Јанески, тоа не е било проблем.
прашање: Ве загрижува ли квалитетот на услугата кои тие ќе го добијат ова лето?
„Не ме загрижува,бидејки ценам дека ќе биде на повисоко ниво и ќе биде на повисоко ниво од останатите региони, останатите регионални дестинации“, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за поддршка и промоција на туризам.
Речиси и да нема хотел или угостителски објект, кој не бара готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг персонал. Годинава се очекува да има 3,2 милиони ноќевања и повеќе од пола милијарди долари промет во туристичката индустрија.Најбројни ќе бидат гостите од Турција, Полска, Србија, Холандија.
Мики Трајковски