ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Секој втор ученик малтретиран или дискриминиран

Секој втор ученик малтретиран или дискриминиран

Сајбер малтретирањето, дискриминацијата и влијанието на социјалните мрежи се феномени кои најмногу ги вознемируваат младите, особено учениците во средното образование. Учениците преку дебата и преку презентации на различни проекти, сметаат дека речиси секој втор ученик е малтретиран и дискриминиран во различни форми. Освен малтретирање на учениците едни кон други, постојат и чести случаи на малтретирање и од страна на наставници. Учениците не се решаваат да ги пријават овие случаи поради страв и недоверба.

Advertisements

„Наставниците ги дискриминираат учениците со тоа што не ги вклучуваат идеите на ученици исклучиво поради нивната националност или религија. Во повеќето случаи постои дискриминација во училиштата. Многу често се запоставува ученик кој е од друга националност, кога поголема група е од албанска националност, а еден ученик од ромска националност, тој е запоставен, дискриминиран и исклучен од социјалните активности“, рече една ученичка.

„Ние самите, ако сме жртва на малтретирање, прво мора да стекнеме самодоверба и добиените пораки да не ги доживуваме емоционално, туку само да ги задржиме како доказ во случај тоа да го процесираме понатаму, а не да го држиме во себе“, нагласи еден ученик.

Бесире Мјаку, координатор на проектот, препорачува наставната програма да вклучува и предмети поврзани со спречувањето на малтретирањето и влијанието на социјалните мрежи.

„Препорачувам Министерството за образование да го вклучи во задолжителната училишна програма влијанието на социјалните мрежи почнувајќи од основните училишта. Втората препорака е да се започне со формирање на сајбер комесаријат со цел да им се стави крај на проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, изјави Бесире Мјаку, координатор на проектот.

Средношколците од „Цветан Димов“, „Арсени Јовков“ и „Сарај“ преку истражувачки проект покажаа дека и покрај придобивките и олеснувањата во комуникацијата, прекумерната употреба на социјалните мрежи предизвикува голема штета на менталното здравје. Меѓу најсериозните последици се несоница, анксиозност и депресија./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button