Секоја година се вработувале по околу 900 лица во администрацијата

Наместо да се намалува бројот на вработени во државната администрација од година во година се зголемува. Лани, под државна капа се вработиле над 900 лица и сега вкупниот број на администрацијата 132 088. Министерот за информатичко опшество Адмирим Алити, вели дека нема системско решение за намалување на административците. Во моментов намалувањето е по природен пат со пензионирање или со заминување во приватен секор поради повисоки плати вели Алити.
„Админстрацијата во бројките што ги кажавме гледаме дека природно се намалува има многу вработени кои што одат во пензија, а за жал платите и не се толку атрактивни во администрацијата и затоа секој ден си заминуваат од јавниот во приватниот сектор и затоа викаме дека има природно намалување. Денеска не можам да кажам некое системско решение освен тоа решението дека институците ќе бидат ограничени на само 5 отсто за нови вработувања“, рече Алити.
Намалувањето на администрацијата од 20 проценти беше едно од клучните ветувања на Владата. Се крое мерки со кои на административците требаше да им се понуди трансфер од јавен во приватен сектор со подобри услови, отпремнина за заминување во приватниот сектор, и преквалификување на товар на државата според потребата на пазарот на труд. Сепак овие мерки останаа само на хартија. Според податоците од МИОА за четири години бројот на вработени административци се зголемил за 3.400 или на годишно ниво се вработувале помалку од 1000 лива. Најголем процент од вработените односно 33 проценти се вработени во образованието, а просечната старост е 46 години. Во однос на етничката страуктура, Македонците се застапени со 73,57 проценти, Албанците со 20,35, Турците со 1,95 и Ромите со 1,19 проценти.
Андреа Чобанова