Секоја година се зголемуваат површините на необработена земја
Секоја година се зголемуваат површините на необработена земја

Плодни земјоделски површини во Македонија и понатаму стојат празни, затоа што нема кој да ги обработува. Ова се случува во време кога земјата дури 70% од потребите за храна ги задоволува од увоз.Од Србија се снабдуваме со млеко и брашно, од Албанија, Грција и Турција со домати, краставици, иако Македонија има добри услови за нивно одгледување.
„Од година во година се зголемува бројот на необработените површини. Тоа е последица на лошата аграрна политика, старата генерација која се занимаваше со земјоделие полека изумира, младите наоѓаат полесен начин за заработка на пари.Треба од корен да се смени односот кон земјоделието за да со мерките ги натераме луѓето да инвестираат во земјоделието“, рече Мирослав Трајчески-агроном.
Дополнително не одат во прилог и климатските промени, поради кои има зголемување на температурите, а со тоа и продолжени сушни периоди.
„Ова ќе биде катастрофално за земјоделието, кое ќе мора да се прилагоди на овие новонастанати услови, да произведуваат храна земјоделци во вакви услови во кои не се навикнати да произведуваат храна. Уште потешко ќе ни падне на нас кои живееме во урбаните средини, а такви ги има се повеќе“, нагласи Елена Николовска- Екосвест.
Државата според еколошките активисти не е подготвена да се справи со овие новонастанати климатски услови.
„Ако прашате земјоделци од кумановскиот предел, горе на север, па се до јужниот дел, Гевгелија и Струмица, сите ќе ви кажат дека на различни начини веќе ги чувствуваат климатските промени. Но потешко ќе бидат погодени јужните предели на државата,како предели каде температувата веќе е висока и каде само можеме да очекуваме пораст на темепратурите и уште повеќе намалување на врнежите.За наша жал тоа се пределите каде се произведува нашата храна“, рече Елена Николовска-екосвест.
Според експертите потребна е стратегија која ќе утврди како ќе се произведува храна во вакви услови, а увзоот од надвор да се дестимулура со конкурентни цени на домашната храна./Алсат.мк
Мики Трајковски