Секоја година станува потешка од другата кога е во прашање економската состојба во земјава

Melihate Rustemi
Секоја година станува потешка од другата кога е во прашање економската состојба во земјава. Вака оценуваат граѓаните за Алсат, во пресрет на крајот на оваа година.
Испитаниците велат дека 2022 година ќе биде уште потешка поради постојаниот пораст на цените на храната.
„Да не крадеа, ќе беше подобро, но многумина крадат. Пензионери со 10 илјади денари, што ќе правиш со 10 илјади денари, еве само две кеси што наполнив илјада денари, што да правам, каде се лековите, каде се другите нешта. Нашето време помина, барем младите да работат, но и за младите нема работа.“
„Имам 70 години, секоја година е се полошо и полошо. Сите се лопови, сите се организирани, судот, претседателот, заменик претседателот, полицијата, сите лопови се организирани, нема излез. Штета е за народот, да бев млад, бос излегувам и работам во странство, има иднина, секаде, Австрија, Германија, Франција, Италија. Тие го почитуваат законот, го почитуваат народот, оваа земја, Балканот никогаш нема да се регулира.
Анкетата спроведена од Брима Галуп откри и песимистички податоци од македонските граѓани за нивните очекувања за 2022 година. На прашањето дали следната година ќе биде попросперитетна од 2021 година, само 19% од испитаниците биле оптимисти, додека 50% одговориле дека 2022 година ќе биде година на економски тешкотии, 28% не очекуваат никаква промена додека 3% од испитаниците не знаат или немаат одговор.