

Алсат
27.01.2020 08:22
Човекот знае да биде отпорен на промени, посебно ако станува збор за возрасна и зрела личност која има свои ставови и веќе стекнати навики. Но, не сите навики влијаат позитивно на личноста. Некои сме ги стекнале намерно, некои случајно, а трети пак некој друг ни ги наметнал. Еве еден предлог – ослободете се од лошите навики и тоа за триесет дена. Тоа е бројката околу која се согласуваат психолозите.
Колку е нешто лесно или тешко да се направи зависи само од човековата перцепција, велат тие. Но, истата може да се смени со менување на ставовите, искуствата и мотивацијата. Практичен пример: ако се обидувате да заштедите, не можете се додека не добиете зголемување на платата. Од делот кој сте го добиле како плус на месечната плата можете да тргнете дел на страна или уште подобро, тргнете го целиот и на тој начин нема многу да ја почувствувате промената, а сепак ќе се случи.
На оваа тема, инженер на Гугл, во стручниот говор кој го одржа на TED конференцијата вели:
“За да се формира нова навика потребни се триесет дена, без разлика дали станува збор за јадење најобична салата или возење велосипед до работно место. Идејата е едноставна – мислете на нешто кое од секогаш сте сакале да го имате во животот и трудете се да се придржувате до таа цел еден месец”.
Tој објаснува како воведувањето на промената постапно лесно ќе се преточи во навика.
Имаат поента овие предлози и мислења. Замислете дека сакате да живеете поздраво. Насочете го умот и секој ден исфрлајте по една штетна храна која инаку ја имате на менито. После еден месец ќе забележите дека веќе сте почнале да се храните поинаку и да се чувствувате поинаку.
Истото важи и за вежбањето. Од секогаш сте сакале да најдете време и да вежбате. Не постои подобро време отколку денес. Почнете веднаш во најблиската сала за вежбање неколку пати неделно. За еден месец ќе ја почувствувате разликата.
Промената лежи во сите нас. Дали ќе се случи или не, ние ја носиме одговорноста. Време е да се делува, а нема подобар момент од сегашниот.