ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Секуловска: Очекувани потезите од власта во Софија

Бугарското вето и потезите од официјална Софија за новинарката Билјана Секуловска се очекуван след на настаните. Како што оценува таа во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, бугарскиот владин врв веќе го кажал историското – не за македонските евроинтеграции.
„Не сме политички аматери, вакви потези од Бугарија се очекуваа. А, што ќе се случува на 8 декември…Захариева, Каракачанов, Бојко Борисов, најавија дека печатот е удрен, вратата тресната, заради тоа што треснале на маса и рекле историско – не! Меркел кажа дека таа се надева, но никој не може да знае што ќе се случува“, вели Секуловска.