ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Секуловска за спорот со Бугарија: Политиката навлезе во историјата, нема назад!

Политиката навлезе во историјата и нема враќање назад, вели новинарката Билјана Секуловска во своето денешно гостување во емисијата „200“ на Алсат. Говорејќи за спорот помеѓу Македонија и Бугарија Секуловска оценува дека не е во ред Европа да се согласува со ултиматуми од ваков карактер.
„Што ќе се случи со евроинтеграциските процеси на 8 декември, каква одлука ќе се донесе, не можеме да предвидуваме, но не е во ред со вакви ултиматуми да се согласува Европа. Но, ветото е реалност, на начинот на кој функционира ЕУ, за жал“; вели Секуловска.