Села бара од надлежните институции да не вршат притисок врз жителите на Неровo

Зијадин Села упати апел до Министерството за образование, Владата и градоначалникот на општина Крушево да го запрат притисокот врз жителите на село Неровo и да им овозможат соодветна документација за легализација на основното училиште „Никола Карев“, кое втора недела ја бојкотира наставата. Според Села, кој е единствениот политичар што го посетил ова школо, спорот за новиот објект, кој според државните власти е бесправна градба, не треба да се смета за таков, бидејќи обидите за изградба на ново училиште за едукација на децата не можат да се спореди со другите нелегални градби.
„Од моја гледна точка, иако сум се занимавал со оваа проблематика и кога бев градоначалник, за мене училиште не претставува бесправен објект. Го користам моментот да упатам апел до Министерството за образование и до градоначалникот на општина Крушево итно да ги преземат сите потребни мерки и што е можно побрзо да се среди документацијата за ова училиште, а не да се прекинуваат градежните работи, туку напротив, да продолжи понатамошната инвестиција со државниот буџет за ова училиште да се доврши и учениците да имаат нормални услови за настава“, рече Села.
Училиштето „Никола Карев“ во Нерово, Крушево, кое е изградено до фазата на покрив, по иницијатива на самите жители, досега не беше пријавено од страна на надлежните органи. Пред неколку дена, полицијата започна да ги испрашува жителите, вршејќи притисок поради изградбата на училиштето – ситуација која, според градоначалникот на Крушево, претставува притисок од централната власт. Од друга страна, жителите инсистираат дека легализацијата на новиот училишен објект е неопходна поради зголемувањето на наталитетот во овој дел на Крушево. Дашмир Јусифи, претставник на жителите, пред неколку дена за Алсат презентираше извештај од Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии во Скопје, изработен по барање на самите жители, кој покажува дека при изградбата на новиот училишен објект се почитувани сите градежни стандарди.
Линда Ебиби