ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Села до Ахмети: Кој е високиот функционер од ДУИ што го известил Груевски за изборот на претседател на Собранието?

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска јавно го праша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е високиот функционер на таа партија, кој на 27 април 2017 година го информирал Груевски за изборот на претседател на Собранието.

Advertisements

„Поминаа четири години и за жал има многу непознати. Ако ја видите снимката од 27 април, кажете ми дали има отпор од униформираната полиција да ја запре толпата, никој! Тогашниот министер продолжува да ужива на државна позиција, Агим Нухиу. Луѓето што ги отворија вратите беа амнестирани. Организаторите беа амнестирани и имунитетот не им беше одземен од СДСМ-ДУИ. Јавно го прашувам г. Ахмети и ДУИ, да кажат дали знаат кој е нивниот висок функционер кој тој ден го извести Никола Груевски за изборот на претседател на Собранието? Ова е пораката пратена од Груевски до Трајко Вељаноски“, рече меѓу другото Села

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button