МАКЕДОНИЈА

Села до ЕП: Зибери е неуставно назначен за омбудсман!

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, го информираше Европскиот парламент за, како што рече, неуставното назначување на Насер Зибери на местото народен правобранител. Во писмото упатено до европратениците на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија, Села подвлече дека назначувањето на поранешниот кандидат на ДУИ за премиер, претставува невидено кршење не само на домашното, туку и на меѓународното законодавство, особено на Париските принципи на Обединетите Нации.

Advertisements

„Унијата не смее да прави компромис за владеењето на правото и да толерира кршење на основните вредности на ЕУ од страна на земјите кандидати во име на европската интеграција. Бараме од Европскиот парламент да го крене својот глас против политизацијата на независните институции и уназадувањето на владеењето на правото во Северна Македонија“, се вели во писмото на Села. За случајот на Зибер, коалицијата Алијанса и Алтернатива веќе поднесоа и иницијатива пред Уставен суд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button