ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Села ги кажа очекувањата од денешната седница

Владата ќе падне, а граѓаните ќе бидат послободни, се очекувањата на лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пред почетокот на денешната седница за интерпелација на владата. Запрашан за неговите очекувања, Села вели:
„Владата ќе падне, а граѓаните ќе бидат послободни. Најпосле ќе се ослободат од целиот овој притисок, а оваа недемократска и антиграѓанска власт ќе падне“, рече Села.