Села: Хаосот во Инспекторатот за употреба на јазиците, треба да се реши еднаш засекогаш со релевантни законски измени
Села: Хаосот во Инспекторатот за употреба на јазиците, треба да се реши еднаш засекогаш со релевантни законски измени

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во врска со застојот во Инспекторатот за употреба на јазиците, изјави дека сочувствува со вработените кои не примиле плати 5 месеци и дека за тоа треба да се најде решение, но прашањето не треба да се гледа од димензија на платите.
„Затоа, тезата што се пласира во јавноста дека останале без плати и сега да направиме сѐ што можеме да им обезбедиме плати, без да земеме предвид дека штетиме на спроведувањето на Законот за јазиците и на албанскиот јазик, мислам дека е ниска од страна на политичките субјекти што ја пласираат оваа теза“, изјави Зијадин Села, претседател на АА.
Решението, според Села, треба да биде преку подготовка на закон кој, покрај правниот статус, треба да го реши и механизмот за казнување на институциите што не го почитуваат Законот за јазици
„Мислам дека ако Владата навистина сака да најде решение, не треба да дојде тука и само да бара гласови за Бадентер, туку треба да дојде и да побара да седнеме и да го подготвиме Законот за инспекторат на јазици, закон што еднаш засекогаш би го регулирал правниот статус на овој инспекторат. Треба да се регулира и прашањето за глобите и казните што овој инспекторат треба да им ги изрекува на институциите“, рече Зијадин Села, претседател на АА.
Хаосот во Инспекторатот се случува затоа што мнозинството нема Бадентерево мнозинство за да гласа за измени на Законот за инспекторатот, со цел тој да се усогласи со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Овој закон, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ, покрај коалициските партнери, го поддржаа и пратениците на ДУИ. Сепак, ниту парламентарното мнозинство ниту опозицијата не предвидоа таква ситуација што ќе го остави Инспекторатот на крстопат. Односно, треба да му се даде правен статус со еден закон, а да има правен статус на сила со два други закона, имено Законот за јазиците и Законот за инспекторат.
Правните толкувања предизвикаа блокада. ДУИ, од која зависи Бадентеровото мнозинството одбива да ги поддржи измените во законот бидејќи, според нив, тие не се прават за плати, туку за укинување на Инспекторатот. ВЛЕН нагласува дека ова е само привремено решение, бидејќи плановите се Инспекторатот да стане дел од Агенцијата за јазици и со тоа да добие посилни овластувања за казнување на институциите.
Зекирија Хаџиу