Села: Струга неможе да припаѓа на никој друг освен на Алијансата за Албанците
Села: Струга неможе да припаѓа на никој друг освен на Алијансата за Албанците

Без Струга, присуството на Алијансата за Албанците во рамките на Европскиот фронт нема смисла, е јасната порака на шефот на АА, Зијадин Села пред разговорите за поделба на општините во рамките на Фронтот во пресрет на локалните избори. На овој начин, Села покажа дека не може да има таков компромис за локалните, ниту дека тој ќе зависи само од волјата на Ахмети, или од тоа дали ќе има обединување или не со Таравари.
„Се разбира дека Струга треба да припаѓа на Алијансата за Албанците, за тоа не треба да се разговара. Инаку, какво би било значењето на Алијансата за Албанците во рамките на Европскиот фронт? Затоа, ова не се ни дискутира, но ние сме во процес бидејќи Европскиот фронт, покрај оваа димензија, има и друга димензија на заштита на одредени каузи кои повторно се појавија“, изјави Зијадин Села – АА/ЕФ.
Преговорите за поделба на општините во рамките на Фронтот се уште траат, рече пратеникот на ДУИ, Илир Хасани. Сите желби ќе бидат исполнети – рече Хасани, но без да даде рокови, иако Села го покрена ова прашање од почетокот на годината, уште пред Таравари да излезе од ВЛЕН.
„Сите овие дискусии се во фаза на развој, и се дискусии кои се одвиваат меѓу лидерите на Европскиот фронт. Се разбира дека има притисоци, барања, несогласувања. Верувам дека многу скоро ќе се среди и сите желби и барања ќе бидат исполнети, бидејќи Европскиот фронт е голема куќа не е мала куќа, има што да се даде на секого“, рече Илир Хасани – ДУИ.
И покрај тоа што нема ништо официјално во поделбата на општините, според последните изјави на политичките експоненти, се тврди дека на Таравари му биле ветени 6 општини, додека Алијансата на Села можела да остане само со Арачиново.
Зекирија Хаџиу