ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Села: Владата не се грижи за учениците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска изјави дека тој и неговиот политички субјект го поддржуваат штрајкот на просветните работници. Села во оваа прилика потсети на амандманот на неговата партија за линеарно зголемување на платите, кој не беше прифатен од Владата и од парламентарното мнозинство.

Advertisements

„Ми изгледа апсурдно и лицемерието од страна на Владата што сега ја играат улогата на жртва. Истата Влада во времето кога се регулираше прашањето за минималната плата, го отфрли амандманот на Алијанса за линеарно зголемување на платите, што значи зголемување на платата на наставниците и на сите, доколку овој амандман беше прифатен немаше да имаме штрајк денеска. Затоа, Владата не треба да ја игра улогата на жртва. Знаеме колку се грижат за учениците, бидејќи не помина ниту една година, кога училиштата беа затворени, а наставата се одвиваше онлајн“, изјави Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button