МАКЕДОНИЈА

Селата на Шара мета на напади од мечки

Во последните денови, селата на Шар Планина, но и пониските делови на селата, се соочуваат со проблеми поради појавата на мечки. Освен штетите кои ги прават на добитокот и пчеларите, последно, како што беше случајот вчера во селото Синичани, започнаа и напади врз луѓе.

Advertisements

Случаите на напади се сè почести – вчерашниот напад во Синичани врз 41-годишна жена, а татко и син исто така биле нападнати во селото Гајре, Тетово.

„Овој феномен не се однесува само на планинските села, туку според информациите што ги имаме, имало случаи кога мечки се приближиле до куќи и направиле материјална штета, особено кај пчеларите. Лани еден наш сограѓанин беше нападнат додека патуваше со својот син и со коњ. И покрај тоа што беше физички нападнат, успеа да се спаси поради викањето. Заврши во болница. Како жители, бараме од надлежните органи да преземат мерки – да не чекаат да има жртви меѓу луѓето“, рече Реџеп Халили, претседател на МЗ Гајре.

„Се плашиме, секако – само кога ќе ја видиш, се плашиш. Но засега немаме штета. Но ги има, има многу“, вели жител на Шипковица.

Од Националниот парк „Шар Планина“ апелираат до жителите случаите да ги пријавуваат во полиција и кај нив, но никако да не ги плашат или убиваат мечките бидејќи казните се високи.

Во Шар Планина моментално се движат стотици мечки кои, поради недостиг на храна често завршуваат во внатрешноста на селата. Жителите на планинските села велат дека, покрај мечките, проблем имаат и со лисиците, кои се во исклучително голем број и прават големи штети.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button