ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Селата Порој и Џепчиште, немаат канализација

„Иако тие се сметаат за предградие на градот Тетово, селото Порој и селото Џепчишта, и понатаму остануваат без канализација. Жeителите решението го наоѓаат преку септичките јами кои освен што ја загадуваат почвата, ја загадуваат и водата.“

Жителите велат дека општина Тетово повеќе пати ветила решение, но решението го нема.

„Два или три пати дојдоа и измерија каде ќе оди и како ќе оди и ништо не е сторено. Има лоша миризба и излегуваат некои црни муви. Јазот е целиот со памперси.“

„Добро е да се направи ова, но треба месната заедница да го бара тоа“.

„Многу пати чекавме да се регулира канализацијата во Порој и во Џепчиште, бидејќи има села кои придонесуваат и се даночни обврзници на општината. Ние сè уште продолжуваме со јами во Порој и Џепчиште и имаме проблеми затоа што е штетно “

„Велат дека ќе го сториме тоа, и не го прават. Многу сме запоставени, но нема што да правиме“.

„Тешко ни е со канализацијата, ние сме населбата доле и немаме водата кај да ја тераме никаде.“

Од општина Тетово, пред една година рекоа дека проектот постои, но во отсуство на средства за реализација на проектот, жителите треба да почекаат за следната година. Но, помина половина од оваа година и овој проект не е започнат. Селата Порој и Џепчишта се едни од најразвиените населби со индустрија и се познати како најголеми даночни обврзници во Полог.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button