Село Слупчане не дозволува да се реконстуира електродистрибутивната мрежа на ЕВН

Денес екипите на ЕВН добиле закани по живот во кумановското село Слупчане при обид за започнување со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.
Толпа од 200 селани на организиран начин го блокирале влезот на селото и не им дозволувале на екипите на ЕВН да работат.
Од ЕВН со став дека за ситуацијата ќе го информираат Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни институции.
Велат дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.
“Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа.” информираат од ЕВН.
Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се напплаќа.