СПОРТФУДБАЛ

Селтик бара напаѓач, прв на листата е Бојан Миовски?

Шкотскиот првак активно бара напаѓач, особено по заминувањето на Кјого Фурухаши во Рен во зимскиот преоден рок. Иако Адам Идах и Дајзен Маеда одиграа солидно во привремена улога, клубот остана без класичен центарфор во првиот тим. Миовски веќе беше на радарот на Селтик пред да се пресели од Абердин во Шпанија, каде, сепак, не се снајде најдобро, постигнувајќи само четири гола и две асистенции во цела сезона.

Advertisements

Шпански „АС“ наведува дека неговата иднина во Жирона е под знак прашалник и дека клубот планира разговори со сите фудбалери за нивната иднина – меѓу кои и Миовски, кој наводно е незадоволен од моменталната ситуација.

И покрај неуспешната сезона во Шпанија, Миовски имаше импресивна статистика во Абердин – 44 голови и 7 асистенции на 98 натпревари – што повторно го прави интересна опција за Селтик. Дополнително, неговата цена би можела да биде значително пониска од онаа што се бараше минатото лето, а која се движеше околу седум милиони евра./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button