Семејни прослави го зголемиле бројот на случаи со Ковид-19 во тетовско

Иако нема нови кластери, бројките од последните десет дена покажуваат зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Тетово и околината. Здравствените власти велат дека зголемувањето е по враќањето од летните одмори и семејните прослави.
Зголемениот број последните десет дена, покрај враќањата од годишните одмори, е и поради гужви пред банките.
Проблематично во Тетово, е што граѓаните и натаму не носат маски, велат од СВР Тетово.
„Само во последните 24 часа, СВР Тетово достави околу 60 страни пријави за прекршоци од неодговорни лица кои не носат маски или се спротивставиле на нивното носење. „Овој феномен останува проблематичен, затоа колегите на терен дејствуваат цело време и преземаат соодветни мерки“, изјави Фатмир Реџепи- портпарол на СВР Тетово.
Според СВР Тетово, најчесто се казнуваат патниците во автобуси и комбиња кои одбиваат да носат маски.
Башким Сулејмани