Семејствата чии куќи изгореа во пожар и натаму чекаат помош
Семејствата чии куќи изгореа во пожар и натаму чекаат помош

Трите семејства од ромска националност кои живееја во оваа куќа, која пред една година беше зафатена од пламен, се уште не се вдомени и покрај ветувањата и од општина Гостивар, и од Министерството за транспорт, и труд и социјална политика. Во недостиг на дрва и шпорети, тие се обидуваат да го изолираат просторот за загревање зимава со картон и најлон. Додека во оваа соба, која е само 5 метри квадратни, живеат две семејства, во другата од хартија живеат три лица, во минимални услови за живот.
„Дојди види, ова е местото каде што живеам. Оваа земја не е само за еден човек, треба да биде за сите, дали и јас сум овде граѓанин. Не сакам повеќе да коментирам, влези види, ова не е ни за еден човек, ако ни помогне оваа држава добро, ако не ќе одам пред влада“, рече Абди Исман.
Од општина Гостивар уште еднаш со ветувања дека ќе им помогнат на овие семејства. За изградбата на нов објект велат дека се надлежни во Министерството за труд и социјална политика.
„На почетокот, кога се случи трагичниот случај, им помогнавме, ги сместивме во хотел, потоа и во апартмани и имавме помош за секое семејство. Но после тоа решија секој да се смести каде сака. Повторно ќе видиме во рамките на надлежностите како да им помогнеме. но останатото останува на Министерството за труд и социјална политика да се занимава со овие семејства“, изјави Валбон Лимани, Општина Гостивар.
Овие семејства конкурираа и за социјални станови, но нивните имиња не беа меѓу добитниците со образложение дека имаат сопствен имот.
Башким Сулејмани