МАКЕДОНИЈА

Серафимовски: Некои станови во Охрид може да достигнат цена и до 1.500 евра

Цената на становите во Охрид би можела да достигне цена по метар квадратен слично како и во Скопје, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежници при Стопанската комора. Како што објаснува тој, скокот на цените се должи на зголемената побарувачка, а ограничената изградба поради мораториумите од УНЕСКО.

Advertisements

„Во Охрид очекуваме цената на становите да дојде, можеби приближно како и Скопје, но на оние атрактивни станови во централното градско подрачје. Има станови и во периферијата и тие се енормно поскапени, но во центарот на Охрид очекуваме дека може да се продаваат станови и за 1.500 евра, затоа што ги нема“, вели Серафимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button