СПОРТФОРМУЛА - 1

Серхио Перез останува уште 2 години во Ред Бул

Серхио Перез го продолжи договорот со Ред Бул на две години. Иако неодамна се појавија шпекулации дека Перез би можел да го напушти Ред Бул, возачот кој ја забележа последната победа во април 2023 година на Големата награда на Азербејџан, сигурно ќе остане уште 2 години во Ред Бул.

„Среќен сум поради продолжувањето на договорот до 2026 година. Им благодарам на сите за довербата, секако ќе се обидам да го вратам на самата патека со добри резултати“, изјави во оваа прилика Перез.

Перез моментално е петти во вкупниот поредок на Светското првенство со 107 бодови, додека лидер е неговиот тимски колега и актуелен светски шампион Макс Верстапен со 169 бодови. Во редоследот на конструктори, лидер е Ред Бул со 276 бода, пред Ферари кој има 252 бода

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button