ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Серија полициски акции изминатиов викенд

Серија полициски акции изминатиов викенд

На 25 август во центарот на Скопје полицијата уапсла 31-годишник од Бразил со привремен престој во земјава, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден на Бит Пазар полицијата лишила од слобода 35-годишен скопјанец бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја, а еден ден претходно пак, полициски службеници пронашле дрога кај пет лица на забава на местото викано Бабуна во велешко. Ова се само дел од серијата полициски акции во кои полицијата во текот на изминатиот викенд апсеше и запленуваше дрога. Иако акциите се одвиваат во цела држава, најголемиот дел од случаите се евидентирани во главниот град, а истите се дел од големата полициска акција на МВР за безбеден град.

Advertisements

„Еве само во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица кај кои бил извршен и преглед. Преглед бил извршен и на 38 моторни возила и 3 мотоциклисти, лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик и две лица поради недозволено поседување на оружје„, рече Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од МВР најавуваат дека засилените полициски контроли ќе продолжат и во наредните денови, а во текот на досегашните акции, како што дознаваме, полицијата пред три дена пронашла дрога и кај 25-годишен полициски службеник од скопски Карпош.

„На 23.08 2024 година во 17 часот полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р од Скопје. Имено, при претрес во неговиот дом на подрачје на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава„, рече Гоце Андреевски, портпарол на МВР.
Покрај за недозволено поседување и тргување со оружје и дрога, полицијата во изминатиот период врши и засилени контроли за безбедност на патиштата. Регистрирани се и повеќе случаи на сообраќајни прекршоци, а од МВР апелираат во летниот период да не се вози повеќе од три часа активно, односно укажуваат на тоа возачите да не возат уморни и да прават почести паузи при управувањето со своите возила./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button