СПОРТФУДБАЛ

Сеск Фабрегас, донесе одлука за својата иднина

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, донесе одлука за својата иднина и дека ќе остане на чело на тимот и следната сезона, објави „Скај Спорт Италија“. Ова значи дека младиот специјалист ја отфрлил можноста да го наследи својот сонародник Чаби Алонсо како тренер на Баер Леверкузен, иако беше меѓу најповрзуваните имиња за идната слободна позиција.

Advertisements

Фабрегас исто така беше споменуван и како нов тренер на Монако, со оглед дека актуелниот Ади Хитер би можел да се пресели во Леверкузен, меѓутоа и таа опција беше одбиена.

Според информациите, не само што нема да замине од Комо, туку клубот наводно води преговори за негово продолжување на договорот. Начелно тимот добил гаранции од Фабрегас дека и следната сезона сигурно ќе биде дел од овој тим. Шпанецот има договор со Комо до 2028 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button