ВЕСТИСВЕТ

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети

Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети

Северна Кореја денеска истрела неколку крстосувачки ракети во правец на Жолтото Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја во Сеул соопшти дека и понатаму се во состојба на готовност и внимателно ги следат активностите на Северна Кореја.

Јужна Кореја и САД вчера ги завршија големите годишни воени маневри во регионот.

Пјонгјанг редовно ги обвинува САД и Јужна Кореја дека спроведуваат воени вежби како подготовка за напад, нешто што и двете земји го негираат.

По серијата ракетни тестови минатата година, Северна Кореја повторно изврши повеќекратни тестирања на ракети и крстосувачки ракети оваа година.

Резолуциите на ОН и забрануваат на изолираната Северна Кореја да лансира и тестира балистички ракети од кој било дострел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button