
Северна Кореја потврди дека испраќа војници да се борат за Русија во војната против Украина, по наредба на лидерот Ким Џонг-ун. Со тоа, властите сметаат дека дале значаен придонес во ослободувањето на рускитее територии окупирани од Украина.
Според севернокорејската државна новинска агенција, доказ за највисокото стратешко ниво на цврсто воено пријателство меѓу Северна Кореја и Русија е победничкиот крај на битката за ослободување на руската област Курск.
Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија минатиот октомври откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин постигнаа меѓусебен одбранбен договор, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што го нарекоа, западниот хегемонизам.
Се смета дека Северна Кореја досега има испратено повеќе од 11 000 војници како поддршка за Русија во војната против Украина.