Северна Македонија и Бугарија започнаа разговори за надминување на разликите

Северна Македонија мора да ја прифати историската реалност за создавањето на денешниот македонски народ, и да ја спроведе јазичната клаузула утврдена во билатералниот договор од 2017 година рече денеска бугарската министерка за надворешни работи Захариева на средба со нејизниот македонски колега Османи.
„Бугарија никогаш немала територијални претензии кон Северна Македонија и на нејзините граѓани никогаш не им било успорено правото на самоидентификација. Затоа е несоодветно да се презентираат работите поинаку, како пред нашите граѓани, така и на меѓународно ниво. Исто како што Бугарија ги прифати современите политички реалности, сега е потребно Северна Македонија да ги прифати историските реалности во врска со процесот на создавање на нов национален идентитет“-истакна Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија.
Османи рече дека е време двете земји да се соочат со сите историски настани и да ги разјаснат дилемите.
„Имаме договор што ја дефинира рамката, имаме волја за пријателство меѓу двете земји за заемна поддршка. Бугарија има обврска да ги поддржува евро-атлантските интеграции на Северна Македонија. Имаме обврска да дадеме резултати и да ги расчистиме сите дилеми, кои иако сега ги гледаме како хендикеп, брзо ќе ги видиме како додадена вредност во нашите односи “-рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Од Софија, бугарскиот премиер Борисов изрази оптимизам дека сложениот и неопходен процес на преговори ќе резултира со договор меѓу двете страни пред 10-ти ноември.
„Се надевам дека Северна Македонија ќе ги добие потребните гаранции од нас и ќе го продолжи патот кон ЕУ. Според него, мора да се направат неопходните компромиси, како што се направија многу други. Ние сме должни сегашните и идните генерации да ги осигураме дека Северна Македонија, Албанија и другите земји од Западен Балкан нема да бидат попречени на патот кон ЕУ. Со денешната средба започнуваме разговори на сите нивоа, така што до 10 ноември ќе имаме компромисно решение. Тоа е многу сложен, брз, важен и неопходен процес “-изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.
Борисов ја коментираше најновата резолуција што стигна од Европскиот парламент, во која се споменуваат партијата Илинден и македонското малцинство во Бугарија, велејќи дека тоа не му помага на никого, особено во време кога двете земји мораат да прават компромиси.
Анеса Салиху