ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сезонскиот грип ги испразни училиштата

Секое основно и средно училиште се соочува со изостаноци од ученици поради сезонскиот грип и настинката во овој период од годината. Раководствата на училиштата велат дека секој ден во секое одделение има деца кои изостануваат, а најголем број од нив се кај децата од прво до четврто одделение.

Advertisements

„Од минатата недела веќе имаме промена на изостаноците на учениците. Гледам дека кај децата од прво до четврто има повеќе отколку кај тие од петто до деветто одделение. Се надевам дека оваа бројка нема дополнително да се зголеми, да не отсуствуваат учениците, сега е крајот на првото полугодиа и да не се чувствува ова кај успехот на учениците. На пример, максималниот број во една училница е 7 ученици, имаше по четворица, тројца, двајца ученици пто не дошле“, вели Ќамуране Абдулаху Реџа, директорка на училиштето „Панајот Гиновски“.

И учениците сметаат дека треба да се останат дома додека целосно не закрепнат.

“Во нашето одделение обично изостануваат двајца или тројца, нема многу, денес имаше малку повеќе. Колку има денес? Осум. „Мислам дека и да е обичен грип, не треба да доаѓаат на училиште, бидејќи лесно може да се пренесе на другите“…

„Подобро е ако сме болни да останеме дома бидејќи вирусот може да се шири. Учениците кои не доаѓаат на училиште пропуштаат настава, но сега со помош на новата технологија можеме да се јавиме на телефон, да ги прашаме пријателите дали можат да ни испратат материјали“, велат учениците.

Од Министерството за образование за Алсат велат дека кај нив се пријавуваат само случаи на ученици со Ковид 19, а не и оние со обичен грип. Од оваа институција велат дека се прават сите напори училиштата да останат отворени со физичко присуство и во моментов нема причина да се прекине наставата која е во тек.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button