Шахпаска: Да заокружиме „НЕ“ за насилството врз жените во политиката

Се наоѓаме во период пред локални избори, пред изборна кампања, кога насилството врз жените во политичките партии, според последните истражувања, е највисоко, дури 47 проценти. Без разлика која жена ќе ја предложиме, без разлика за која жена ќе гласаме, сите да заокружиме „НЕ“ за насилството врз жените во политиката, напиша денеска на својот фејсбук-профил министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Да се спротивставиме, додава таа, на секој обид за насилство како да ни се случува нам.
-Само ако сме единствени и обединети, независно од политичката партија од која доаѓаме, нашата сила ќе биде незапирлива. Силно ја поздравувам кампањата за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката, под слоганот „Заокружи „НЕ“ за насилство врз жени во политиката“.