Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

-Се радувам што Собранието, после една година транспарентна дебата со сите засегнати учесници во нашето општество, синдикатите, претставниците на работодавачите, стопанските комори и други партнери на социјалниот дијалог, го донесе Законот за работните односи, кој предвидува недела да биде ден за неделен одмор. Овој Закон предвидува 92 проценти од работниците во недела да не работат, рече Шахпаска.
Таа појсни дека ќе работат само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата, како што се вработените во електро-дистрибутивниот сектор, здравствениот сектор, комуналните дејности.
-Работниците кои ќе работат во недела ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час. Работниците се нашиот најголем човечки капитал, унапредувањето на нивните права е приоритет за Владата и Министерството за труд и социјална политика, нагласи министерката Шахпаска.
Таа додаде дека при подготовката на законското решение се користени позитивни искуства и од земјите во соседството и од други европски држави.