МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Состојбата во градинките, стабилна

Во градинките досега позитивни на коронавирусот се 33 дечиња и 109 вработени. Поради тоа 630 деца и над 100 вработени се во изолација. Министерката за труд Јагода Шахпаска смирува дека ситуацијата е стабилна. Таа инаку потпиша договор со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за доградба на објект на градинката „Детска радост“. Со ова треба да се зголеми капацитет за воспитување за плус 100 деца во овој град.

Advertisements

„….До крајот на година како министерство за труд и социјална политика ќе отвориме нови детски градинки – градинката во Ресен, Босилево, Брвеница во Општина Сарај со вкиупно сместувачки капацитет на дополнителни 423 деца“, рече Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

„Во нашите градинки во сите тие што функционираат, сите наставници и вработени во градинките се придржуваат стриктно на протоколите и досега имаме регистрирано само едно дете и една наставничка“, рече Арбен Таравари, градоначалнок на Гостивар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button