ЕКОНОМИЈА

Шајноски: Достапни патнички осигурувања за последици од Ковид-19

Осигурителните компании на пазарот нудат и пакети за осигурување коишто покриваат трошоци за третман на Ковид-19, рече првиот човек на Агенција за супервизија на осигурувањето, Крсте Шајноски. Во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, Шајноски рече дека од појавата на пандемијата осигурителниот сектор бележи драстичен пад на продажбата на полиси за патничко осигурување.

„Со појавата на ковидот самите компании видоа интерес пакетот на патничко осигурување да го прошират со одредена здравствена компонента, така што сега на пазарот може да се сретнат и патнички осигурувања кои покриваат и лекување и последици од ковид 19, што го имаа детектирано како интерес на осигурениците и самите тие компании овие производи ќе треба да си ги промовираат“, рече Шајноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button