ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Шајноски: Процесот на либерализација на пазарот за полиси за авто-одговорност е во тек

Шајноски: Процесот на либерализација на пазарот за полиси за авто-одговорност е во тек

„Процесот на либерализација на пазарот за полиси за авто-одговорност е започнат и тој е во тек“, изјави за емисијата „Економски магазин“, на Алсат Крсте Шајноски, Претседател на Агенција за супервизија на осигурувањето. Според него, се работи за процес кој ќе биде во интерес на осигурениците и на компаниите, односно на сите заинтересирани страни.

Advertisements

“Многу е битно да знаеме дека пазарот кај нас е регулиран во сегментот на авто-одговорноста, затоа што кога се регулирал имало и аргументи зошто е тоа така. Прво сме имале малку осигурителни компании и стравот од појава на олигопол било голема и затоа во тоа време креаторите на макро-економските политики утврдиле дека е добро да има регулирана цена, авто-одговорност. Но, со развојот на пазарот на осигурување се зголемува и бројот на осигурителни компании и полека влегуваме во сегментот каде што се јавува и потребата за либерализирање на авто-одговорноста односно, либерализирање на продажбата на полисата, односно цената на полисите од автомобилска одговорност. Тоа е многу битно да се направи здраво и квалитетно, односно при самата либерализација да не настанат дополнителни проблеми“, изјави Шaјноски. /Алсат.мк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button