ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Ќе разгледаме нови предлог-решенија за проблемите во училиштата

Државна матура ќе има, уверува министерот за образование Јетон Шаќири кој денеска во изјава за медиумите посочи дека од безбедносен аспект е формирана работна група која ги разгледува сите чекори кои би требало да се преземат за да не биде загрозено полагањето матура поради лажните дојави за бомби.

Advertisements

Тој нагласи дека е против онлајн настава и најави дека ќе бидат разгледани нови мерки, како во делот на безбедноста, така и во делот на проблемите што ги имаат родителите кои работат и не се во можност да излезат од работа за да ги земат своите деца од училиште кога има закани за поставени експлозивни направи.

„Јас како министер сум кажал дека сум против онлајн настава. Но, ова се препораки за да не се загуби настава, ќе ги разгледаме проблемите во училиштата. Имаме родители кои работат, ќе разгледам нови предлог-решенија. Ние секојдневно зборуваме со Комитетот за безбедност и дел од препораките се според некои нивни заклучоци. Мислам дека сега имаме нова ситуација, бидејќи сега повеќе дојави има во основните отколку во средните училишта. Затоа сега ќе ги разгледуваме и проблемите што произлегоа по дојавите за бомби и во основните училишта“, рече Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button